Главна страница

Од institutzamatematika

Скокни на: содржини, барај
Добредојдовте на Институтот за математика!

Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје е најстарата научно-наставна установа во Македонија која подготвува кадар од областа на математичките науки во сите степени на образованието: прв циклус академски студии (додипломски студии), втор циклус академски студии (постдипломски студии), а изведува и настава во рамките на Школата за докторски студии на УКИМ (трет циклус студии). Институтот е основан во далечната 1946 година како Kатедра по математика во рамките на Филозофскиот факултет во Скопје.

Во својата шеесет и шест годишна традиција, Институтот за математика има постигнато завидно ниво во научната работа, а ги задржа и високите стандарди во изведувањето на наставата. Следејќи ги современите текови на изведувањето на наставата, како и на технолошкиот напредок во целост, со повремени промени на наставните планови програмите, како и со формирање на нови студиски насоки, Институтот за математика формира квалитетни кадри кои можат да одговорат на предизвиците на современиот живот.

ШТО ИМ НУДИМЕ НА НАШИТЕ СТУДЕНТИ

  • КВАЛИТЕТНА НАСТАВА ПО СИТЕ ДИСЦИПЛИНИ И ОДЛИЧНА КОМУНИКАЦИЈА СО ПРОФЕСОРИТЕ
  • БИБЛИОТЕКА СО ПРЕКУ 25000 РАЗЛИЧНИ НАСЛОВИ
  • ЛИТЕРАТУРА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ПО СКОРО СИТЕ ПРЕДМЕТИ
  • ЧИТАЛНА СО ИНТЕРНЕТ И КОМПЈУТЕРСКИ УЧИЛНИЦИ

Математиката не е само најмоќното орудие што го создал човекот за да ги проучува и победи слепите природни сили. Таа е исто така најубав производ на човечката фантазија и нејзината вредност како уметничко дело ја надминува нејзината корисност во очите на оние што ја познаваат... Таа има убавина што и' е својствена само нејзе и нејзиното проучување може да пружи најинтензивни интелектуални радости.

E. Borel

ЗОШТО ДА СТУДИРАТЕ НА ИМ?

Студиите на ИМ се одлична основа за вработување и креирање на успешна кариера. Било да се на додиплoмски, постдипломски или докторски студии, студентите по математика се одликуваат со креативност, оригиналност и прилагодливост. Затоа се успешни и ценети во разни области - во наставата, стопанството и економијата.

Каде се и кои се некогашните студенти на ИМ?

Етички кодекс на УКИМ

Images3.jpeg


Лични алатки