|
Љупка Стојчевска, студент на докторски студии на
Jožef Stefan International Postgraduate School, Љубљана, Словенија
Додипломските студии на ПМФ ми овозможија од една страна да стекнам
квалитетно образование во областа на математиката, а од друга страна и
ме научија како правилно и аналитички да размислувам.
Додека бев студент, секој ден ми беше исполнет со нови знаења и искуства,
овозможени од професорите и асистентите кои беа секогаш спремни да објаснат
и да ме воведат во новите и непознати дотогаш за мене области од математиката.
Горда сум што своето знаење го стекнав токму на ПМФ, и што учев од најдобрите!
Дијана Цветкоска,
Професор по математика, вработена во AD Mikrosam, Prilep
Студирањето на ПМФ беше едно од најубавите искуства во мојот живот.
Професорите и асистентите се секогаш спремни да помогнат (да објаснат),
да го направат учењето колку што е можно полесно.
Да ги спомнам и семинарите на коишто ги разработивме современите
методи на предавање, а коишто ми беа овозможени од страна на ИМ и ПМФ,
што покажува дека Институтот за математика се стреми кон современа настава и учење.
|